Пецива

Шарена торта

Прво тесто: Се матат 3 јајца, се додава 50 г масло за јадење, малку сол низ прсти, 4-5 лажици брашно и ½ кесичка прашок за печиво. Сè се мати убаво и се става во подмачкан и набрашнет плех бр. 26. Се пече во загреана рерна на 250°С 10-15 минути. Откако ќе се испече, се остава […]

Пецива

Погача со сок од домати

Во подлабок сад се ставаат сокот од домати, брашното, прашокот за печиво и маслото и се замесува убаво за да се добие хомогено меко тесто. Откако убаво ќе се измеси, тестото се става во ненамастена тепсија бр. 26 и се развлекува со рака (како кора за пица), а потоа се става во загреана рерна на […]

Пецива

Невестинска погача

Квасецот се става во малку млака вода, па му се додава шеќер и сол низ прсти за да стаса. Откако ќе стаса, квасецот се додава во брашното, каде што има ставено 2 јајца и 1 белка. Се замесува средно меко тесто, кое не треба да лепи на раката. Од тестото се прават 11-12 топчиња, а […]

Пецива

Момички

Прво лебот се сече на парчиња. Јајцата се матат во длабока чинија, се додава млекото и сол по вкус. Во тава за пржење се става масло, колку да го покрие дното, и се става на оган за добро да се загрее. Секое парче леб се потопува во матените јајца од двете стани и веднаш се […]

Десерти

Штанглички со мед

Јајцата и шеќерот се изматуваат, потоа се додава циметот, содата бикарона и, на крајотм прашното. Од оваа смеса се пшрави тесто кое се развлекува со дебелина од околу половина cm. Тестото се става во плех, се премачкува со јајца и се посипува со сечкани ореви. Се пече на умерена температура, додека не поцрвени. Печеното тесто […]

Салати

Велигденска салата

Од искцканите (вапцани) јајца се подготвува оваа велигденска салата. Јајцата се лупат, се мијат и се сечат на четвртинки. Се редат во чинија за сервирање и се посолуваат. Во длабок сад се мешаат винската киселина, маслото за јадење и претходно ситно исечканото кромитче. Содржината од садот се налева рамномерно врз целата површина на велигденската салата. […]

Салати

Салата од урда со буковец

Урдата се става во длабок сад, па во неа се додаваат сирењето, ренданите варени јајца, буковецот, сечканите феферони, толчениот лук, толчените ореви и стопениот маргарин. Сè убаво се меша со миксер или со дрвена лажица. Откако смесата ќе стане хомогена, се додава киселото млеко и повторно убаво се промешува. Вака направената салата се остава во […]

Пецива

Кавадаречки јајчаник

Јуфките се ставаат во тавче бр.28 и се потпекуваат во загреана рерна на 250°С, 5-10 минути. Вака потпечените јуфки  се прелеваат со претходно изматените јајца и млеко во кои е изрендано сирењето и додадено маслото за јадење. Повторно се враќаат во рерна и се печат на околу 200°С околу 1 час. Кога ќе биде готово, […]