Пецива

Тараненик

Во сад се става вода за да зоврие. Во тепсија бр. 26 намастена со масло се редат ред јуфки, ред тарана. Тепсијата се става во загреана рерна на 200°С, 5-10 минути, малку да се потпечат и да зацрват јуфките и тараната, без притоа да се мешаат. Се  вадат од рерната, се попаруваат со зовриената вода, […]

Пецива

Тарана

Во сад за варење се става водата со солта и со 2 супени лажици масло за јадење и се остава да зоврие. Во зовриената вода се става тараната, се промешува, а оганот се намалува на потивко. Тараната често се меша за да не загори и да не се залепи за дното на садот. Јадењето е […]

Пецива

Проја

Во длабок сад се кршат јајцата, се додава белото брашно, потоа маслото и пченкарното брашно и сето тоа се промешува со дрвена лажица, без употреба на миксер. Потоа, се додава јогуртот (или минералната вода), малку сол низ прсти, издробеното сирење и на крај се додава прашокот за печиво. Смесата повторно се промешува со дрвена лажица […]

Пецива

Погача со сок од домати

Во подлабок сад се ставаат сокот од домати, брашното, прашокот за печиво и маслото и се замесува убаво за да се добие хомогено меко тесто. Откако убаво ќе се измеси, тестото се става во ненамастена тепсија бр. 26 и се развлекува со рака (како кора за пица), а потоа се става во загреана рерна на […]

Пецива

Момички

Прво лебот се сече на парчиња. Јајцата се матат во длабока чинија, се додава млекото и сол по вкус. Во тава за пржење се става масло, колку да го покрие дното, и се става на оган за добро да се загрее. Секое парче леб се потопува во матените јајца од двете стани и веднаш се […]

Пецива

Мантии

Во вангличка се става брашното и водата, се додава еден прстофат сол и се замесува тесто и сè убаво се меси, сè додека тестото не престане да се лепи на рака. На набрашнета софра се расукува една голема тркалезна кора, колку што дозволува тестото. Врз неа се размачкува претходно растопеното кравјо масло или маргаринот. Со […]

Пецива

Домашни кифлички

Во сад со млако млеко се раствора квасецот, се додаваат шеќерот и солта, па се остава на топло за да стаса. Во друг длабок сад за месење прво се става маслото за јадење, а потоа се додаваат брашното и стасаниот квасец. Се меси со рака, сè додека квасецот и маслото не се впијат во тестото, […]

Пецива

Буден Дедо

Во длабок сад убаво се замесува тестото (исто како за малешевскиот зелник) и се остава да нарасне. Се дели на 5 дела, од кои се сукаат кори, а едната од корите е најголема. Се сукаат 4 кори и се редат во намастен плех, една по една. Секоја се попрскува со масло и со дробено сирење. […]