Традиционални

Грав во грне

За подготовка на ова јадење потребно е гравот да се измие и зоврие. Така зовриениот грав се цеди и се става во грне. Се полева со врела вода и се става на оган. Пожелно е да се вари на шпорет на дрва. Во садот се додава сецкан морков, сува пипека и патлиџан. Се заедно се […]

Салати

Македонска салата

Ситно се сечкаат доматите и печените излупени пиперки. Во нив се додаваат ситно сечканиот кромид, магдонос, масло и сол по вкус. Сето тоа се става во длабок сад, добро се промешува и се служи веднаш.

Салати

Салата од печени пиперки

Пиперките убаво се мијат и се бришат. Потоа малку се засекуваат со нож и се печат на плотната од шпоретот (не се препорачува печење во рерна). Испечените пиперки се ставаат во покриен сад за да се здушат и да се оладат. На тој начин пиперките полесно се лупат, без притоа да им се отстранат дршките. […]

Салати

Салата од грав со црвени пиперки

Убаво измиен, гравот се вари во вода со малку масло, без сол, на тивок оган. Треба да се внимава при варењето зрната да останат цели. Кога ќе омекнат, зрната грав се цедат од водата. Исцедената вода од гравот се става во посебен сад. Црвените пиперки се мијат и се печат во рерна на 200ºС. Пиперките […]