Пецива

Тараненик

Во сад се става вода за да зоврие. Во тепсија бр. 26 намастена со масло се редат ред јуфки, ред тарана. Тепсијата се става во загреана рерна на 200°С, 5-10 минути, малку да се потпечат и да зацрват јуфките и тараната, без притоа да се мешаат. Се  вадат од рерната, се попаруваат со зовриената вода, […]

Пецива

Тарана

Во сад за варење се става водата со солта и со 2 супени лажици масло за јадење и се остава да зоврие. Во зовриената вода се става тараната, се промешува, а оганот се намалува на потивко. Тараната често се меша за да не загори и да не се залепи за дното на садот. Јадењето е […]

Пецива

Сукана пита со месо

Тесто: Во сад со млака вода се растопува квасецот, со шеќерот и солта и со 2-3 лажици брашно. Се остава да нарасне и да фати меурчиња на површината. Кога е стасан, се истура во вангличка за месење, се додаваат брашното и преостанатата вода и се меси тестото. Убаво се изработува сè додека не престане да […]

Пецива

Погача со сок од домати

Во подлабок сад се ставаат сокот од домати, брашното, прашокот за печиво и маслото и се замесува убаво за да се добие хомогено меко тесто. Откако убаво ќе се измеси, тестото се става во ненамастена тепсија бр. 26 и се развлекува со рака (како кора за пица), а потоа се става во загреана рерна на […]

Пецива

Наутли погача

Наутот се подготвува 1 ноќ пред да се меси погачата на следниот начин: се толчи наутот во аван или доколку го немате, се става во платнена кујнска крпа и се толчи со чекан. Притоа дел зрнца ќе се иситнат како брашно, а дел ќе бидат на ситни парченца. Вака исчуканиот наут се става во стаклена […]

Пецива

Момички

Прво лебот се сече на парчиња. Јајцата се матат во длабока чинија, се додава млекото и сол по вкус. Во тава за пржење се става масло, колку да го покрие дното, и се става на оган за добро да се загрее. Секое парче леб се потопува во матените јајца од двете стани и веднаш се […]

Традиционални

Грав во грне

За подготовка на ова јадење потребно е гравот да се измие и зоврие. Така зовриениот грав се цеди и се става во грне. Се полева со врела вода и се става на оган. Пожелно е да се вари на шпорет на дрва. Во садот се додава сецкан морков, сува пипека и патлиџан. Се заедно се […]