Салати

Салата од ‘рдокви

‘Рдоквите се мијат, не се лупат, туку се засекуваат од двете страни, за да се отстранат  врвот и дршката. Се сечкаат на тркалца и се редат во чинија за сервирање. Лукчето се мие, се чисти и се сечка на тенки кругови. Се додаваат маслото за јадење и сок од еден лимон, па се посолува по […]

Салати

Салата од блитва

Во длабок сад се става 1 л вода и малку сол, да зоврие. Листовите од блитвата се чистат од тврдите дршки, се мијат и се пуштаат во водата што врие. По 5 минути се вадат со лажица-решетка и се ставаат во цедалка да се исцедат. Исцедени, се сечкаат на многу ситно. Во тавче на оган […]

Салати

Салата од боранија

Боранијата се чисти, но не се сечка, па се става во врела солена вода да се свари. Откако ќе омекне, боранијата се вади со лажица-решетка од врелата вода и се остава да се исцеди и да се олади. Во посебен сад ситно се сечка лукот и се додаваат малку сол по вкус, малку винска киселина и […]

Салати

Салата од печени пиперки

Пиперките убаво се мијат и се бришат. Потоа малку се засекуваат со нож и се печат на плотната од шпоретот (не се препорачува печење во рерна). Испечените пиперки се ставаат во покриен сад за да се здушат и да се оладат. На тој начин пиперките полесно се лупат, без притоа да им се отстранат дршките. […]

Салати

Жетварска салата

Во каленица се толчи лукот со солта (ако е младо лукче, се сечка ситно и не се толчи), па се додава излупената краставица, ситно сечкана на коцкички. Се полеваат 5 дл студена вода. На крај се додава винска киселина и се досолува по вкус. Салатата се става во ладилник за убаво да се излади. Оваа […]

Салати

Салата од урда со буковец

Урдата се става во длабок сад, па во неа се додаваат сирењето, ренданите варени јајца, буковецот, сечканите феферони, толчениот лук, толчените ореви и стопениот маргарин. Сè убаво се меша со миксер или со дрвена лажица. Откако смесата ќе стане хомогена, се додава киселото млеко и повторно убаво се промешува. Вака направената салата се остава во […]

Салати

Салата од грав со црвени пиперки

Убаво измиен, гравот се вари во вода со малку масло, без сол, на тивок оган. Треба да се внимава при варењето зрната да останат цели. Кога ќе омекнат, зрната грав се цедат од водата. Исцедената вода од гравот се става во посебен сад. Црвените пиперки се мијат и се печат во рерна на 200ºС. Пиперките […]