Продажбата продолжува со ваучерите за вториот час „Тркало на сезоните“

Серијата од 5 часа „Часови за готвење слоу фуд“ продолжува со вториот час, „Тркало на сезоните. Ваучерите за овој час можете да ги купите преку веб страната на Купи Карти За Се или на следниов линк. За оние кои првпат купуваат карта преку Купи Карти За Се, повелете инструкции како да купите ваучер: На почетната страна на Купи Карти За…

Час за готвење „Тркало на сезоната“

Се сеќавате ли на предметот ЗПО? Се сеќавате ли на лекцијата за сезоните и храната? Во ерата на конзумеризмот според цените гледаме дека некои видови на овошје и зеленчук се најскапи во периодот кога се најмалку здрави. За да го следите трендот на сезоната и бидете во склад со природата  пријавете се на часот за…

Се одржа првиот час „Сирење на трпезата“

Сè уште возбудени и задоволни можеме да објавиме дека на 8.12.2108 (сабота) во кујните на СУГС „Лазар Танев“ се одржа првиот час од серијата „Часови за готвење слоу фуд“, под наслов „Сирење на трпезата“ со шеф, Маре Јаневска. Покрај главниот шеф Маре, на часот асистираше и Даниела Лазаревска од втората генерација на Кулинари, која на…

Прес-конференција во чест на почетокот на „Часови за готвење слоу фуд“

На 4.11.2018 АРНО, АРНО одржа прес-конференција по повод промоција на проектот „Часови за готвење слоу фуд“. На наше големо задоволство на прес-конференцијата дојдоа новинари од неколку медиумски куќи: Македонска Радио Телевизија, МИА и телевизиската куќа, МТМ. На прес-конференцијата беа присутни сите учесници во проектот, и тоа: координаторката на проектот Ирена Димитровска, претседателката на АРНО, Ирина Јаневска, асистентката на…

Кулинари 3.0, Марк Де Јонг и поезија

На 23.11.2018 како дел од проектот „Часови за готвење слоу фуд“ тимот на АРНО и третата генерација Кулинари од СУГС „Лазар Танев“ присуствуваа на  настанот Culinary Talks: Poetry , кој се случуваше во рамките на Skopje Design Week. Познатиот белгиски шеф Марк Де Јонг беше во улога на домаќин, а авторката Марта Марковска, го зачини настанот со…

Започна продажбата на ваучерите за првиот час „Сирење на трпезата“

Со големо задоволство можеме да ви најавиме дека започна продажбата на ваучерите за првиот час од серијата „Часови за готвење слоу фуд“. Ваучерот за првиот час, „Сирење на трпезата“ можете да го купите преку веб страната на Купи Карти За Се или на следниов линк За оние кои првпат купуваат карта преку Купи Карти За Се, повелете инструкции како…

Рататуи на четвртата средба со Кулинари 3.0

\На 28.11. 2018, среда, ја одржавме четвртата средба со учениците-готвачи од Кулинари 3.0. На почетокот на средбата најпрво се потсетивме на правилата за однесување и дадовме објаснување за агендата на претстојната прес-конференција, која ќе се одржи на 4.12.2018. Учениците имаа можност да дознаат за улогите кои ќе ги имаат на прес-конференцијата и да се пријават…

На нашето мени се новата тура „Часови за готвење“- овој пат со слоу фуд концепт

Време е да зборуваме за  слоу фуд и зошто локалната, природна храна е секогаш најдобриот избор. Часови за готвење слоу фуд“  е проект на здружението за социјални иновации „АРНО“ кој се реализира во соработка со здружението „Слоу Фуд Водно“ и СУГС „Лазар Танев“. Целта на проектот е зајакнување на стручното образование и социјалното претприемништво преку креативен…

Повик за ангажман на менаџер за социјални медиуми

1. Општ опис Водени и инспирирани од слоганот „Кул е да си кулинар“, Здружението за социјални иновации „АРНО“ во соработка со Здружението за заштита, промоција и едукација за храна „Слоу Фуд Водно“, како и долгогодишниот  партнер СУГС „Лазар Танев“ ја организираат иницијативата „Часови за готвење слоу фуд“ (повеќе информации на линкот). 2. Намена и цел Преку оваа…

Прво запознавање со учениците-готвачи од 3-та кулинарска генерација

На 15.11.2018 (четврток) во СУГС „Лазар Танев“-Скопје,  се случи првата средба  со ученици-готвачи од СУГС „Лазар Танев, третата генерација од проектот Кулинари. На оваа прва средба, присуствуваа 16 ученици од прва, втора и трета година. Оваа средба се одржа во рамки на проектот „Часови за готвење слоу фуд“  кој го води здружението за социјални иновации…