Lyra Special Dinner Party со шеф Антонио Ѓорѓиевски

Во четврток на 07.09.2017  Гостилница Лира  и Coolinari со шеф Антонио Ѓорѓиевски  организираат тематска вечера со морски специјалитети. На овој настан во изминатиот период  готвеа и други  готвачи како Петар Шокаровски, Никола Узуновски, Цаци и Missy Onion. Сега ред е на нашиот шеф Антонио Ѓорѓиевски да зготви специјални морски специјалитети за  специјалните гости во Гостилница Лира.

Како и за  предходните вечери Гостилница Лира доделува две бесплатни карти за двајца, а се што треба е да го тагнете вашиот +1 во коментар под сликата на линкот кој следи Lyra Special Dinner Party.

За оние кои што сакаат да купат карта тоа може да го направат во Гостилница Лира по цена од 1500ден. Во картата вклучено е предјадење, главно јадење, десерт како и вклучен пијалак. Картите се во ограничен број, сите заинтересирани можат да се јават да резервираат во Лира или на официјалната фејсбук страна Гостилница Лира . Се гледаме во четврток!