Coolinari – инспиративен пример за социјално претприемништво според Барбара Садовска

Прочитајте го интервјуто со Барбара Садовска, претседавач на бордот на директори на Фондацијата за заемна помош „Barka“ основана во Полска. Г-а Барбара во Република Македонија е тим лидер на проектот за поттикнување на социјалното претприемништво, имплементиран од Eptisa и нејзините партнери во конзорциумот а финансиран од ЕУ.

Во интервјуто за „Лице в лице“ таа ја споменува и иницијатива Сoolinari  (проект на Здружението за социјални иновации АРНО) како инспиративен пример за социјалното претрпиемништво во Република Македонија. „Лице в Лице“ е непрофитен, независен магазин, посветен на универзалните вредности, на социјалната правда, на принципите на еднаквост, демократија и на хуманост.

Целото интервју може да го прочитате тука .

*материјалот е преземен од 22 број на списанието „Лице в Лице“.