Антонио Ѓорѓиевски

Антонио Ѓорѓиевски е млад и особено инвентивен готвач кој своето образование го стекнува во стручното училиште „Лазар Танев“.
Антонио има практиканство искуство на позициите помошник-салатер и помошник готвач во рамки на ресторанот „Дукат“ во Скопје.Во овој ресторан тој ја усовршува подготовката на чорбите по кои е познат овој угостителски објект, и каде учествува во подготовката на храна за персоналот. Во рамки на ова искуство тој развива особен интерес и вештини за подготовка на сепцијалитети од вегетаријанската кујна и се усовршува во областа на подготовка на пекарски продукти.
За време на својот претходен ангажман како практикант во мензата на рафинеријата „ОКТА АД-Скопје“ Антонио учествува во подготовките на храна за персонал од 400 вработени, при што ја усовршува брзината во готвењето и своите лични вештини за комуникација и работа во големи тимови.
Антонио ја работи својата професија со љубов и задоволство гледајќи предизвик во секоја новина и можност за учење од секоја кујна и професионален тим. Покрај вкусните јадења кои се направени од рацете на овој млад готвач, тој својата професионалност во работењето ја докажува и преку практикувањето на високи стандарди за хигиена и ред на работно место.