[vc_row][vc_column][vc_column_text]
Часовите за готвење се дел од проектот Coolinari 2.0 кои се спроведоа со средства добиени на натпреварот на Social Impact Award 2015 година. Во рамки на оваа иницијатива Здружение за социјални иновации „АРНО“ во соработка со средното стручно училиште „Лазар Танев“ организираа шест часови за готвење со наши добро познати професионални готвачи кои се потрудија да го пренесат своето искуство и знаење на учениците кои беа дел од сите шест часови, и на посетителите кои учествуваа во нив. Часовите за готвење беа понудени на пазарот по цена од 1200денари и 2000ден за Македонска кујна за странци, и сите заинтересирани можеа да ги купат на Бреинстер. Целта на овие часови за готвење беше да се генерира профит преку овој иновативен концепт, а остварената добивка понатаму се ре-инвестираше во целта на проектот а тоа е надградување на знаењата и вештините на учениците готвачи од учичиштето ( обуки за користење на социјални мрежо за себе промоција, пишување на CV, обуки за мотивација со наши познати готвачи, професионално сликање итн).
[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row][vc_column][lvca_accordion style=”style2″][lvca_panel panel_title=”„Часови за готвење“ Час број 1: #ГотвимесоФичo”]
На 12-ти мај во кабинетот за практична настава на СУГС „Лазар Танев“ се одржа час за готвење со Филип Поповски (#ГотвимесоФичо).
Учесниците сецкаа, фритираа и учеа еден куп кулинарски техники правејќи пилешко на тајландски начин (Pad Thai) и пржена банана. Атмосферата беше опуштена и сите уживаа во мирисите и боите на храна. Вистина, ништо не зближува повеќе од засукување ракави и правење хаос во кујна:)
Главен инструктор беше Фичо, нашиот Антонио беше асистент, додека вклучени во целиот час беа и учениците од „Лазар Танев“ кои помагаа во секој дел од часот.
Иницијативата „Часови за готвење“ е наградена за социјално претприемништво со наградата Social Impact Award. Целиот профит остварен преку продажбата на часовите и промотивните материјали (престилките од средното текстилно училиште и кујнските даски од „Ѓорѓи Димитров“) ќе се реинвестира во учениците.
Благодарност до готвачите кои волонтерски се вклучија во проектот, учениците за кого се ова се прави, училиштето „Лазар Танев“ за искреното партнерство, тимот на ARNO за посветеноста и љубовта со која ја води иницијатива, медиумските партнери Gotvi.mk, учесницте кои не’ поддржуваат преку купените ваучери и сите кои не бодрите и поддржувате во оваа приказна.
[/lvca_panel][lvca_panel panel_title=”„Часови за готвење“ час број 2: Ацо Божиновски „La Тerrazza“”]На 17-ти мај во кабинетот за практична настава на СУГС „Лазар Танев“ се одржа часот за готвење со Ацо Божиновски од реномираниот италијански ресторан „La Тerrazza“.
Учесниците дознаа многу итересни факти за италијанската кујна, учеа еден куп кулинарски техники кои готвач Ацо ги сподели со сите учесници правејќи шеф салата со дресинг, таљатели со зелнчук и пржена банана како десерт.
Главен инструктор беше Ацо, нашиот Антонио беше асистент, додека вклучени во часот беа и учениците од СУГС „Лазар Танев“ кои помагаа во текот на целиот час .Едно големо БРАВО за учениците –новата генерација Coolinari 2.0.
Иницијативата „Часови за готвење“ е наградена за социјално претприемништво со наградата Social Impact Award. Целиот профит остварен преку продажбата на часовите и промотивните материјали (престилките од средното текстилно училиште и кујнските даски од „Ѓорѓи Димитров“) ќе се реинвестира во учениците.
Благодарност до готвачите кои волонтерски се вклучија во проектот, учениците за кого се ова се прави, училиштето „Лазар Танев“ за искреното партнерство, тимот на ARNO за посветеноста и љубовта со која ја води иницијатива, медиумските партнери Gotvi.mk учесниците кои не’ поддржуваат преку купените ваучери и сите кои не’ бодрите и поддржувате во оваа приказна.
[/lvca_panel][lvca_panel panel_title=”Часови за готвење“ час број 3: заедно со Marc de Jongh”]На 18-ти мај во кабинетот за практична настава на СУГС „Лазар Танев“ се одржа часот за готвење со Marc De Jongh.
Учесниците дознаа многу итересни факти за француската кујна, учеа еден куп кулинарски техники кои Chef Marc ги сподели со сите учесници правејќи салата од рукола и пилешки гради, телешко месо во сос од буковка, рости од компири и полнети тиквици(главно јадење).
Главен инструктор беше Marc, нашиот Антонио беше асистент, додека вклучени во часот беа и учениците: Јован Богдановски Нниколина Милеска,Лиде Петровска, Ане Димовска, Анита Кметовиќ, Семир Вејсели, Еркан Алији и Славица Кузмановскa од СУГС „Лазар Танев“ кои помагаа во текот на целиот час .Едно големо БРАВО за учениците –новата генерација Coolinari 2.0.
Иницијативата „Часови за готвење“ е наградена за социјално претприемништво со наградата Social Impact Award. Целиот профит остварен преку продажбата на часовите и промотивните материјали (престилките од средното текстилно училиште и кујнските даски од „Ѓорѓи Димитров“) ќе се реинвестира во учениците.
Благодарност до готвачите кои волонтерски се вклучија во проектот, учениците за кого се ова се прави, училиштето „Лазар Танев“ за искреното партнерство, тимот на ARNO за посветеноста и љубовта со која ја води иницијатива, медиумските партнери Gotvi.mk учесниците кои не’ поддржуваат преку купените ваучери и сите кои не’ бодрите и поддржувате во оваа приказна.
[/lvca_panel][lvca_panel panel_title=”Часови за готвење“ час бр.4: заедно со Никола Мишковски”]На 23-ти мај во кабинетот за практична настава на СУГС „Лазар Танев“ се одржа часот за готвење со Никола Мишковски од ресторанот Камник. Часот беше наменет за странци кои сакаат да научат повеќе за македонската кујна.
На часот се приготвуваше со модерен пристап: турли тава, таратор салата, салата од брокула и крем супа од зеленчук. Главен инструктор беше Никола Мишковски, нашиот Антонио беше асистент, додека вклучени во часот беа и учениците: Бесник Даути, Бојан Митковски, Еркан Алији, Бесник Реџепи и Мираџ Даути од СУГС „Лазар Танев“ кои помагаа во текот на целиот час .Едно големо БРАВО за учениците –новата генерација Coolinari 2.0.
Иницијативата „Часови за готвење“ е наградена за социјално претприемништво со наградата Social Impact Award. Целиот профит остварен преку продажбата на часовите и промотивните материјали (престилките од средното текстилно училиште и кујнските даски од „Ѓорѓи Димитров“) ќе се реинвестира во учениците.
Благодарност до готвачите кои волонтерски се вклучија во проектот, учениците за кого се ова се прави, училиштето „Лазар Танев“ за искреното партнерство, тимот на ARNO за посветеноста и љубовта со која ја води иницијатива, медиумските партнери Gotvi.mk учесниците кои не’ поддржуваат преку купените ваучери и сите кои не’ бодрите и поддржувате во оваа приказна.
[/lvca_panel][lvca_panel panel_title=”„Часови за готвење“ час бр. 5 заедно со Маре Јаневска”]На 31-ви мај во кабинетот за практична настава на СУГС „Лазар Танев“ се одржа часот за готвење со Маре Јаневска готвач во Британската амбасада и резиденција.
На часот се приготвуваа четири британски специјалитети: пролетна салата, шкотски стек, англиски погачици и чоколаден колач со Гинис пиво. Главен инструктор беше Маре Јаневска заедно со нејзиниот асистент Флоренс Гарет, ќерката на британскиот амбасадор во Македонија. Нашиот Антонио исто така асистираше на часот заедно со учениците: Јован Богдановски, Лиде Петровска, Славица Кузмановска, Николина Милеска, Ивица Цветановски и Анита Кметовиќ од СУГС „Лазар Танев“ кои помагаа во текот на целиот час .Едно големо БРАВО за учениците –новата генерација Coolinari 2.0
Иницијативата „Часови за готвење“ е наградена за социјално претприемништво со наградата Social Impact Award. Целиот профит остварен преку продажбата на часовите и промотивните материјали (престилките од средното текстилно училиште и кујнските даски од „Ѓорѓи Димитров“) ќе се реинвестира во учениците.
Благодарност до готвачите кои волонтерски се вклучија во проектот, учениците за кого се ова се прави, училиштето „Лазар Танев“ за искреното партнерство, тимот на ARNO за посветеноста и љубовта со која ја води иницијатива, медиумските партнери Gotvi.mk учесниците кои не’ поддржуваат преку купените ваучери и сите кои не’ бодрите и поддржувате во оваа приказна.
[/lvca_panel][lvca_panel panel_title=”„Часови за готвење“ час бр. 6 заедно со Лимонка Арминовска”]На 06-ти јуни во кабинетот за практична настава на СУГС „Лазар Танев“ се одржа последниот час за готвење од овој проект заедно со Лимонка Арминовска професор по слаткарство и готварство во СУГС „Лазар Танев“.
На часот се приготвуваше: Похувани јуфки во бешамел сос и Овошна баклава. Главен инструктор беше професор Лимонка Арминовкса, нашиот Антонио беше асистент, додека вклучени во часот беа и учениците: Анита Кметовиќ, Николина Милеска и Славица Кузмановска од СУГС „Лазар Танев“ кои помагаа во текот на целиот час . Едно големо БРАВО за учениците –новата генерација Coolinari 2.0.
Иницијативата „Часови за готвење“ е наградена за социјално претприемништво со наградата Social Impact Award. Целиот профит остварен преку продажбата на часовите и промотивните материјали (престилките од средното текстилно училиште и кујнските даски од „Ѓорѓи Димитров“) ќе се реинвестира во учениците.
Благодарност до готвачите кои волонтерски се вклучија во проектот, учениците за кого се ова се прави, училиштето „Лазар Танев“ за искреното партнерство, тимот на ARNO за посветеноста и љубовта со која ја води иницијатива, медиумските партнери Gotvi.mk учесниците кои не’ поддржуваат преку купените ваучери и сите кои не’ бодрите и поддржувате во оваа приказна.
[/lvca_panel][/lvca_accordion][/vc_column][/vc_row]