Трето место на наградите за сајт на годината

На 13.12.2018 во Еу Инфо центарот, во Скопје, тимот на АРНО и третата генерација на Кулинари 3.0, присуствуваа на доделувањето на наградите за сајт на годината. Горди сме на нашата веб-дизајнерка, Викторија Крстеска, која е заслужна што можеме да кажеме дека оваа година сме добитници на третата награда во категоријата „Храна и здравје“. Следната година се надеваме на уште поголем успех.