Време е повеќе да ги вклучиме мешунките во секојдневната исхрана. Потценети како група на производи тие имаат извонреден спектар на здравствени и еколошки придобивки (намален ризик од срцеви заболувања, регулирањето на телесна тежина, а и се  богат извор на протеини). За тие да станат чест гостин на вашата трпеза пријавете се на часот за готвење „Протеински растенија“ и научете да подготвите:
– хумус од наут (вкусувајќи го со брускети од домат и босилок)
– ќофте од леќа во сос од морков
– бисквит од бадем со мус од лешник и слатко од капини

Купете ваучер за себе или за некој друг и поддржете ги млaдите ученици-готвачи. Со ваучерот добивате: инструкции и пoмош при готвењето од реномиран готвач, намирници и опрема потребни за подготовка на јадењето , оброци кои  можете да ги дегустирате или да ги понесете со себе, поддршка на стручното образование и младите ученици-готвачи  преку дружење и забава.

Инструктор: шеф Зоран Мајновски// Капацитет: 10 учесници// Локација:  СУГС „Лазар Танев“// Времетраење: 3+ часа// Распоред и продажба: www.coolinari.mk  (077 855 832)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *