Состојки.
10-15 јаболки, 10гр мелени ореви, 1лажица шеќер Бисквит: 5 јајца, 5лажици шеќер, 7лажици брашно, 4 лажици топла вода, 2 вреќички шлаг, 1 вреќичка прашок за печиво

Колач од јаболка полнети со ореви

Рецепт на: Стефан Димковски

Најубаво е да земете поситни јаболки и да ги наредите погусто за кога ќе го сечете колачот на секое парче имате примерок од јаболка и ореви.

Јаболките се чистат во средината. Со врело млеко попарете ги оревите измешани со лажица шеќер.

Наредете ги јаболкате во тава премачкана со маргарин, и наполнете ги со оревите. Ставете ги да се печат во рерна загреана на 200C, 20-тина минути. Кога ќе добијат жолта боја прелијте ги со смесата за бисквит. Печете уште 20 минути и проверете со стапче за ражнич дали е бисквитот испечен.

Оставете да се олади, а потоа декорирајте со шлаг. Најдобро е колачот да се држи во замрзнувач.