Состојки.
9 јајца
15 супени лажици брашно
2 пакетчиња прашок за печиво
1,5 дл масло за јадење
сол по вкус
црвен пипер
спанаќ
200 г урда (или 2 павлаки)
½ китка магдонос
500 г моркови

Шарена торта

Прво тесто:

Се матат 3 јајца, се додава 50 г масло за јадење, малку сол низ прсти, 4-5 лажици брашно и ½ кесичка прашок за печиво. Сè се мати убаво и се става во подмачкан и набрашнет плех бр. 26. Се пече во загреана рерна на 250°С 10-15 минути. Откако ќе се испече, се остава да се олади.

Второ тесто:

За второто тесто состојките и постапката се исти, само на крајот во тестото пред печењето се додаваат 2 лажици буковец.

Трето тесто:

И за третото тесто состојките и постапката се исти, само на крајот во тестото пред печењето се додаваат 4 супени лажици ситно издробен, обарен спанаќ.

Фил: во длабок сад се мешаат урдата (или павлаката), обарениот и исечкан морков и магдоносот исчистен на ливчиња и ситно сечкан. Се посолува по вкус.

Секое тесто се филува со филот и се реди едно над друго. Одозгора се премачкува со урда (павлака) и пред служењето се остава во фрижидер да отстои околу половина час.