Чоколадо за појадок?

Добри вести за секој кој сака чоколадо со кафе: Изненадувачки, нова студија од Универзитетот во Тел Авив покажа дека луѓето кои вклучуваат мала ставка на шеќер во нивната исхрана, како дел од нивниот балансиран појадок ќе изгубат повеќе тежина за подолг временски период оттколку луѓето кои имаат традиционален пристап кон благото.

Во студијата објавена во списанието „Стероиди“, истражувачите 32 недели следеа две групи на луѓе со прекумерна тежина, со инструкции за сите учесници да се држат до 1.600 калории на ден за мажите и 1.400 калории на ден за жените. Првата група јадела ниско-калоричен појадок секој ден (300 калории), додека втората група внесувала 600 калории со утринскиот појадок, богат со протеини и јаглехидрати и секогаш вклучувајќи десерт, чоколадо. На половина од студијата, и двете групи загубија во просек 15.5 килограми по човек. Но тоа не беше случајот после завршувањето на вториот 16 неделен период, кога работите станаа навистина интересни.

На крајот на триесет и втората недела, групата на ниско-калоричен појадок всушност добија 11 килограми по лице, но групата којa јадеше високо-калоричен појадок со благо загубија дополнителни 7.5 килограми. Се на се, тие кои јадеа чоколадо загубија во просек повеќе од 20 килограми по лице оттколку учесниците од другата група.

Идејата е дека целосното исклучување на слатките, како што беше случајот со учесниците кои јадеа ниско-калоричен појадок, создава психолошка зависност. Дозволувајќи на себеси мало парче торта, колаче, или чоколадо посебно во почетокот на денот кога метаболизмот е најбрз, овозможува да не се чуствувате дека сте ограничени во исхраната, иако всушност се храните со намалени калории преку ден.

Но дали поголемиот внес на калории или консумирањето на чоколадото во утринские часови, ја направија разликата во оваа студија? Во минатото, резултатите од истражувањата за придобивките од високо-калоричен појадок беа различни. Една неодамнешна студија објавена во весникот за исхрана покажа дека луѓето јадат иста количина на храна за ручек и вечера, без оглед на тоа што јаделе за појадок, укажувајќи дека високо-калоричниот појадок, всушност може да ја зголемува телесната тежина. Овие наоди ја зајакнуваат идејата дека всушност тоа што е најважно за губење на тежината, не е тоа што јадете, туку колку јадете.

Слично на ова, во една студија објавена минатиот месец во американскиот весник за клиничка исхрана се заклучува дека најсилниот индикатор за губење на тежината е достоинството кон ниско-калоричната храна, оттколку содржината на самата исхрана.

Значи тоа што може да се заклучи од оваа студија е: Ако парче торта во утринските часови ќе ви помогне да се чувствувате помалку ограничени  во исхраната и ќе ви овозможи да се држите по уверено до својата исхрана за остатокот на денот, јадете парче торта после појадокот. Но само едно парче! И прескокнете го десертот после вечерата.