„Часови за готвење“ час бр. 6 заедно со Лимонка Арминовска

На 06-ти јуни во кабинетот за практична настава на СУГС „Лазар Танев“ се одржа последниот час за готвење од овој проект заедно со Лимонка Арминовска професор по слаткарство и готварство во СУГС „Лазар Танев“.

На часот се приготвуваше: Похувани јуфки во бешамел сос и Овошна баклава. Главен инструктор беше професор Лимонка Арминовкса, нашиот Антонио беше асистент, додека вклучени во часот беа и учениците: Анита Кметовиќ, Николина Милеска и Славица Кузмановска од СУГС „Лазар Танев“ кои помагаа во текот на целиот час . Едно големо БРАВО за учениците –новата генерација Coolinari 2.0.

Иницијативата „Часови за готвење“ е наградена за социјално претприемништво со наградата Social Impact Award. Целиот профит остварен преку продажбата на часовите и промотивните материјали (престилките од средното текстилно училиште и кујнските даски од „Ѓорѓи Димитров“) ќе се реинвестира во учениците.

Благодарност до готвачите кои волонтерски се вклучија во проектот, учениците за кого се ова се прави, училиштето „Лазар Танев“ за искреното партнерство, тимот на ARNO за посветеноста и љубовта со која ја води иницијатива, медиумските партнери Gotvi.mk учесниците кои не’ поддржуваат преку купените ваучери и сите кои не’ бодрите и поддржувате во оваа приказна. ♥