„Часови за готвење“ час бр. 5 заедно со Маре Јаневска

На 31-ви мај во кабинетот за практична настава на СУГС „Лазар Танев“ се одржа часот за готвење со Маре Јаневска готвач во Британската амбасада и резиденција.

На часот се приготвуваа четири британски специјалитети: пролетна салата, шкотски стек, англиски погачици и чоколаден колач со Гинис пиво. Главен инструктор беше Маре Јаневска заедно со нејзиниот асистент Флоренс Гарет, ќерката на британскиот амбасадор во Македонија. Нашиот Антонио исто така асистираше на часот заедно со учениците: Јован Богдановски, Лиде Петровска, Славица Кузмановска, Николина Милеска, Ивица Цветановски и Анита Кметовиќ од СУГС „Лазар Танев“ кои помагаа во текот на целиот час .Едно големо БРАВО за учениците –новата генерација Coolinari 2.0

Иницијативата „Часови за готвење“ е наградена за социјално претприемништво со наградата Social Impact Award. Целиот профит остварен преку продажбата на часовите и промотивните материјали (престилките од средното текстилно училиште и кујнските даски од „Ѓорѓи Димитров“) ќе се реинвестира во учениците.

Благодарност до готвачите кои волонтерски се вклучија во проектот, учениците за кого се ова се прави, училиштето „Лазар Танев“ за искреното партнерство, тимот на ARNO за посветеноста и љубовта со која ја води иницијатива, медиумските партнери Gotvi.mk учесниците кои не’ поддржуваат преку купените ваучери и сите кои не’ бодрите и поддржувате во оваа приказна. ♥