Часови за готвење“ час бр.4: заедно со Никола Мишковски

На 23-ти мај во кабинетот за практична настава на СУГС „Лазар Танев“ се одржа часот за готвење со Никола Мишковски од ресторанот Камник. Часот беше наменет за странци кои сакаат да научат повеќе за македонската кујна.

На часот се приготвуваше со модерен пристап: турли тава, таратор салата, салата од брокула и крем супа од зеленчук. Главен инструктор беше Никола Мишковски, нашиот Антонио беше асистент, додека вклучени во часот беа и учениците: Бесник Даути, Бојан Митковски, Еркан Алији, Бесник Реџепи и Мираџ Даути од СУГС „Лазар Танев“ кои помагаа во текот на целиот час .Едно големо БРАВО за учениците –новата генерација Coolinari 2.0.

Иницијативата „Часови за готвење“ е наградена за социјално претприемништво со наградата Social Impact Award. Целиот профит остварен преку продажбата на часовите и промотивните материјали (престилките од средното текстилно училиште и кујнските даски од „Ѓорѓи Димитров“) ќе се реинвестира во учениците.

Благодарност до готвачите кои волонтерски се вклучија во проектот, учениците за кого се ова се прави, училиштето „Лазар Танев“ за искреното партнерство, тимот на ARNO за посветеноста и љубовта со која ја води иницијатива, медиумските партнери Gotvi.mk учесниците кои не’ поддржуваат преку купените ваучери и сите кои не’ бодрите и поддржувате во оваа приказна. ♥