Часови за готвење“ час број 3: заедно со Marc de Jongh

На 18-ти мај во кабинетот за практична настава на СУГС „Лазар Танев“ се одржа часот за готвење со Marc De Jongh.

Учесниците дознаа многу итересни факти за француската кујна, учеа еден куп кулинарски техники кои Chef Marc ги сподели со сите учесници правејќи салата од рукола и пилешки гради, телешко месо во сос од буковка, рости од компири и полнети тиквици(главно јадење).

Главен инструктор беше Marc, нашиот Антонио беше асистент, додека вклучени во часот беа и учениците: Јован Богдановски Нниколина Милеска,Лиде Петровска, Ане Димовска, Анита Кметовиќ, Семир Вејсели, Еркан Алији и Славица Кузмановскa од СУГС „Лазар Танев“ кои помагаа во текот на целиот час .Едно големо БРАВО за учениците –новата генерација Coolinari 2.0.

Иницијативата „Часови за готвење“ е наградена за социјално претприемништво со наградата Social Impact Award. Целиот профит остварен преку продажбата на часовите и промотивните материјали (престилките од средното текстилно училиште и кујнските даски од „Ѓорѓи Димитров“) ќе се реинвестира во учениците.

Благодарност до готвачите кои волонтерски се вклучија во проектот, учениците за кого се ова се прави, училиштето „Лазар Танев“ за искреното партнерство, тимот на ARNO за посветеноста и љубовта со која ја води иницијатива, медиумските партнери Gotvi.mk учесниците кои не’ поддржуваат преку купените ваучери и сите кои не’ бодрите и поддржувате во оваа приказна. <3