„Часови за готвење“ час број 2: Ацо Божиновски „La Тerrazza“

На 17-ти мај во кабинетот за практична настава на СУГС „Лазар Танев“ се одржа часот за готвење со Ацо Божиновски од реномираниот италијански ресторан „La Тerrazza“.

Учесниците дознаа многу итересни факти за италијанската кујна, учеа еден куп кулинарски техники кои готвач Ацо ги сподели со сите учесници правејќи шеф салата со дресинг, таљатели со зелнчук и пржена банана како десерт.

Главен инструктор беше Ацо, нашиот Антонио беше асистент, додека вклучени во часот беа и учениците од СУГС „Лазар Танев“ кои помагаа во текот на целиот час .Едно големо БРАВО за учениците –новата генерација Coolinari 2.0.

Иницијативата „Часови за готвење“ е наградена за социјално претприемништво со наградата Social Impact Award. Целиот профит остварен преку продажбата на часовите и промотивните материјали (престилките од средното текстилно училиште и кујнските даски од „Ѓорѓи Димитров“) ќе се реинвестира во учениците.

Благодарност до готвачите кои волонтерски се вклучија во проектот, учениците за кого се ова се прави, училиштето „Лазар Танев“ за искреното партнерство, тимот на ARNO за посветеноста и љубовта со која ја води иницијатива, медиумските партнери Gotvi.mk учесниците кои не’ поддржуваат преку купените ваучери и сите кои не’ бодрите и поддржувате во оваа приказна. <3