Часови за готвење“ Час број 1: #ГотвимесоФичо

На 12-ти мај во кабинетот за практична настава на СУГС „Лазар Танев“ се одржа час за готвење со Филип Поповски (#ГотвимесоФичо).

Учесниците сецкаа, фритираа и учеа еден куп кулинарски техники правејќи пилешко на тајландски начин (Pad Thai) и пржена банана. Атмосферата беше опуштена и сите уживаа во мирисите и боите на храна. Вистина, ништо не зближува повеќе од засукување ракави и правење хаос во кујна:)

Главен инструктор беше Фичо, нашиот Антонио беше асистент, додека вклучени во целиот час беа и учениците од „Лазар Танев“ кои помагаа во секој дел од часот.

Иницијативата „Часови за готвење“ е наградена за социјално претприемништво со наградата Social Impact Award. Целиот профит остварен преку продажбата на часовите и промотивните материјали (престилките од средното текстилно училиште и кујнските даски од „Ѓорѓи Димитров“) ќе се реинвестира во учениците.

Благодарност до готвачите кои волонтерски се вклучија во проектот, учениците за кого се ова се прави, училиштето „Лазар Танев“ за искреното партнерство, тимот на ARNO за посветеноста и љубовта со која ја води иницијатива, медиумските партнери Gotvi.mk, учесницте кои не’ поддржуваат преку купените ваучери и сите кои не бодрите и поддржувате во оваа приказна.