Фестивалско кулинарско кулирање

Здружението за социјални иновации „АРНО“, како организација-членка на Националниот младински совет на Македонија, имаше можност да учествува на фестивалот „Д-фест“ со организација на активности и работилници во рамки на проектот Кулинари 2.0.

Двајца од највредните кулинари, Јован Богдановски и Антонио Ѓорѓиевски, спремаа разни рецепти кои младите може да ги спремаат и дома. Тие исто така подготвија и разни декорации и вкусни залчиња за посетителите на работилниците.

13726679_1180315995324522_6216112176583278913_n

Основан во 2011 година и израснат од идејата за уникатен open-air настан, „Д Фестивал“ се организира секоја година на прекрасното Дојранско крајбрежје.

13697121_1180315798657875_2899080510001995481_n 13707629_1180315168657938_6848692178937774914_n

***

Проектот Coolinari 2.0 е проект на Здружението за социјални иновации „АРНО“ со цел промовирање на социјалното претприемништво и истакнување на важноста на стручното образование и обука за намалување на невработеноста кај младите во Македонија. Во рамките на проектот беа организирани „Часови за готвење“ со професионални готвачи, во мај 2016. Часовите за готвење беа посетени од страна на клиенти кои купија ваучери за да научат како се готват различни јадења од врвни готвачи. Добивката од Часовите за готвење се реинвестира учениците-готвачи преку обуки, мотивациски средби со врвни готвачи и др.

За повеќе новости и информации следете нè на FB ARNOFB Coolinari.