УШТЕ ЕДНА ИНСПИРАТИВНА СРЕДБА: ИДНИТЕ ГОТВАЧИ СЕ СРЕТНАА СО ГЛАВНИОТ ГОТВАЧ ПИТЕР ТАТАР ВО ХОТЕЛ МЕРИОТ

Овој месец на 19/11, седумнаесет ученици-готвачи беа гости во хотел Мериот Скопје каде се сретнаа со главниот готвач Питер Татар. Целта на ова средба беше учениците да се сретнат со професионалец од нивната област, да го слушнат неговото искуство и совети за како да го остварат својот сон. Оваа втора мотивациска средба им овозможи на учениците да научат повеќе за хотелско-ресторанското работење, како и да ја посетат кујната во хотел Мериот.

Готвачот Питер Татар работел на разни места во светот вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Унгарија, Србија, Холандија, Турција, Чиле итн. Денес тој работи како шеф на кујна во хотел Мериот Скопје. Тој работи во хотелот од самиот почеток, односно околу една година. Во двочасовната презентација, г. Татар сподели разни приказни, а потоа учениците му поставуваа прашања. Дополнително, одговорниот за човекови ресурси, г. Јане Пандиловски, им ја раскажа на идните готвачи историјата на хотел Мериот и високите стандарди по кои работат.

Посебен интерес за сите беше и предизвикот кој готвачот го подготви за учениците: секој од нив треба да подготви рецепт со јаболко како главна состојка.  По две недели, Питер ќе ги оценува рецептите и сликата од подготвените јадења според условите за вработување. Оној што го подготвил најдобриот рецепт, ќе има можност да помине еден ден во кујната на хотел Мериот со главниот готвач Питер Татар.


DSCN5415   DSCN5385    DSCN5438


Како помина средбата, споделуваат искрено и учениците:

“Бев заинтересиран да дознаам како Питер станал готвач. Научив од него дека никогаш не треба да се откажуваме. “- Кире Петрушевски

“Учење на нови нешта е она што го сакам, а слушнав и научив толку многу од готвачот Питер. Бев најмногу фасциниран од кујната во хотелот. “- Семир Вејсели

“Нешто што запамтив е дека со цел да станеме стручни во она што го правиме, ние ќе ги исечеме прстите многупати, но истовремено и ќе научиме многу работи. Исто така сфатив дека патувањето и зборувањето еден странски јазик е од суштинско значење за успех. “- Панче Корчовски.

“Готвачот Питер ме инспирираше да имам повеќе љубов и почит кон нашата професија.” – Емилија Симеска.

“Прифаќањето на коментари и критики за мојата работа само ќе ме направи подобар во тоа што го правам” – Бобан Стамболиски

“Најмногу впечаток ми остави внатрешната тераса за специјалните гости во хотелот. Научив дека храната треба да биде подготвена со многу љубов и внимание. Готвачот Питер има големо искуство и знаење. “- Бојан Цветковски

“Готвачот ме научи дека постојат голем број на нови технологии во кујната, и за да се биде добар готвач, не значи само да се познава рецептот. Бев најмногу изненаден од отворената кујна во  ресторанот Дистрикт. Ми се допаѓа тоа што гостите можат да го видат она што се подготвува. “- Еркан Алији

“Готвачот Питер ни кажа многу за храната, нови работи од кои сите ние научивме нешто. Лично, јас сфатив дека треба да се вложи многу напор со цел да успее. “- Симона Илковска

“Мој личен сон е да работам во хотел каков што е Мериот. Најмногу бев импресиониран од  дисциплината и организацијата на вработените во кујната. Научив дека во животот секогаш треба да се има некој за пример и инспирација за да се успее. “- Јован Богдановски

“Сакав да го запознаам главниот готвач на еден од најдобрите хотели, хотелот Мариот, и да слушнам што има да сподели за своите искуства и како е да се работи во таква средина. Најмногу ме воодушеви големината на кујната. “- Имер Бојда.

“Навистина го ценам тоа што готвачот одвои време да ни објасни и искрено да сподели многу нешта за храната. “- Даниела Лазаревска

“По средбата, можам да кажам само позитивни зборови и коментари за готвачот Питер. Навистина сакав да се сретнам со него и да го посетам хотелот. “- Петар Симонов

“Мислам дека Питер е одличен готвач и дека знае многу за храната. Научив дека ние никогаш не треба да се откажеме од она што најмногу го сакаме. “- Славица Кузмановска

DSCN5418

***

Проектот Coolinari 2.0 е проект на Здружението за социјални иновации „АРНО“ со цел промовирање на социјалното претприемништво и истакнување на важноста на стручното образование и обука за намалување на невработеноста кај младите во Македонија. Во рамките на проектот беа организирани „Часови за готвење“ со професионални готвачи, во мај 2016. Часовите за готвење беа посетени од страна на клиенти кои купија ваучери за да научат како се готват различни јадења од врвни готвачи. Добивката од Часовите за готвење се реинвестира учениците-готвачи преку обуки, мотивациски средби со врвни готвачи и др.

За повеќе новости и информации следете нè на FB ARNOFB Coolinari.