Учениците одговорија на предизвикот од хотел Мериот

За време на првата средба во хотел Мериот Скопје, готвачот Питер Татар им зададе предизвик на младите готвачи: да спремат рецепт каде главната состојка ќе биде јаболкото.

Учениците мотивирани испратија слики и рецепти. Два од нив беа одбрани како најдобри и беа повикани на 14 декември повторно во кујната во хотелот да ги подготват нивните специјалитети.

Откако ги спремија слатките, генералниот менаџмент ги дегустираше и гласаше. Рецептот на Даниела Лазаревска беше одбран како најдобар, а потоа следеше рецепот на Кире Петрушевски. Двајцата се ученици во втора година во СУГС „Лазар Танев“- Скопје. Сликата на Даниела со слатките ќе бидат изложени во хотелот една недела. Кире и Даниела ќе се вратат повторно на еден ден во кујната на хотелот на покана на Питер.

Дојдовме и во кујната со нас беа цело време слаткарките, ни ги покажаа фрижидерите, полиците и каде стојат состојките. Така почнавме со работа, секој посебно си ги земавме потребните состојки. Питер доаѓаше цело време и не проверуваше како работиме. Многу беше интересно, цел ден бев многу возбудена и среќна сум што ми беше дадена оваа можност. Се подготвував за рецептот и задоволна сум од резултатот.- сподели Даниела.

Најинтересно ни беше дружењето во кујна. Атмосферата помеѓу вработените е одлична, дури и помогнавме со поставување на шведска маса во ходникот.- изјави Кире.

15966108_353840728322899_3254161730936909242_n

***

Проектот Coolinari 2.0 е проект на Здружението за социјални иновации „АРНО“ со цел промовирање на социјалното претприемништво и истакнување на важноста на стручното образование и обука за намалување на невработеноста кај младите во Македонија. Во рамките на проектот беа организирани „Часови за готвење“ со професионални готвачи, во мај 2016. Часовите за готвење беа посетени од страна на клиенти кои купија ваучери за да научат како се готват различни јадења од врвни готвачи. Добивката од Часовите за готвење се реинвестира учениците-готвачи преку обуки, мотивациски средби со врвни готвачи и др.

За повеќе новости и информации следете нè на FB ARNOFB Coolinari.