Состојки.
• 15 јаболка • 100гр шеќер • 100гр дробени ореви • 500ml слатка павлака Пандишпан • 5 јајца • 7 лажици шеќер • 9 лажици ореви • 4 лажици брашно • 1 прашок за пециво

Торта со јаболка и ореви

Рецепт на: Панче Корчовски

Јаболките ги лупиме и ги редиме во тавче. Потоа ги посипуваме со шеќер и ореви и ги стааме да се шечат во рерна.

Откако ќе ги испечеме, го приготвуваме пандишпанот. Ги мешаме состојките со миксер, и откако ќе ја добиеме потребната густина смесата ја ставаме врз јаболката и продолжуваме со печење. Кога пандишпанот ќе биде готов ја вадиме тавата и оставаме да се олади.

Филувајте ја тортата со шлаг.

15320304_1357866174244809_1753661147_n