Состојки.
200 гр пире од печена тиква
180-190гр. мелени бискоти - Спекуланс
70 гр. мелени бадеми
1 бурбон ванила
малку сецкана брусница

Тиквени бомбици

– Направете пире од печена тиква. Потребно е да е печена заради тоа што пирето е посуво, не треба да е варена на пареа.
– Сомелете ги бискотите и бадемите.
– Нсецкајте ја брусницата
Сетоа ова ставете во сад, додадете ја и ванилата, измешајте со миксер да се сите состојки добро спојат, направете бомбички во големина која ја сакате вие. Ставете ги во фрижидер малку да постојат и да се зацврстат, а за тоа време направете глазура која ви е омилена. Вадете од бомбиците и полевајте ги со глазурата. Декорирајте како сакате.
Напомена
Бискотите мора да бидат  Спекуланс поради нивниот вкус и мирис, доколку немате од нив, тогаш ќе мора да ги дадодате сите зачини за да го доловите вкусот на бомбиците, а тоа се цимет,каранфилче, оревчето, ѓумбир. Го има и готов микс.