Состојки.
500 г домашни јуфки
200 г тарана
1 л вода
сол по вкус
100 г сирење
1 дл масло за јадење

Тараненик

Во сад се става вода за да зоврие. Во тепсија бр. 26 намастена со масло се редат ред јуфки, ред тарана. Тепсијата се става во загреана рерна на 200°С, 5-10 минути, малку да се потпечат и да зацрват јуфките и тараната, без притоа да се мешаат. Се  вадат од рерната, се попаруваат со зовриената вода, се додава сол по вкус и остатокот од маслото за јадење и повторно се враќаат во рерната да се допечат уште 10-15 минути.

Се исклучува рерната, се вади тепсијата, одозгора се ренда сирење и повторно се враќаат назад во рерната уште 5 минути. На крајот се вади тепсијата, се покрива со платнена сува крпа и се остава уште 10-тина минути за да се здушат. Се сече на поголеми коцки и се служи топло.