Состојки.
1 л вода
4 филџани за кафе домашна тарана
8 супени лажици масло за јадење
2 кафени лажички сол
сирење по желба

Тарана

Во сад за варење се става водата со солта и со 2 супени лажици масло за јадење и се остава да зоврие. Во зовриената вода се става тараната, се промешува, а оганот се намалува на потивко. Тараната често се меша за да не загори и да не се залепи за дното на садот. Јадењето е готово кога тараната ќе ја впие водата, ќе набабри и двојно ќе се зголеми нејзиниот волумен.

Во друг сад се ставаат 6 супени лажици масло за јадење да проврие. Провриеното масло за јадење се попарува врз врелата тарана и треба да се слушне звук на „чрчорење“.

Тараната се сервира топла во чинии и се јаде во комбинација со сирење.