Социјално претприемништво

Социјално претприемни…Што е тоа?!

Правењето нешто добро за општеството-при што тоа „нешто“ содржи бизнис компонента или преземање претприемачки активности за постигнување на повисоки вредности е социјално претприемништво.

Социјалното претприемништво е посебна форма на претприемништво која е дел од една поширока идеа на социјалната економија. Социјалното претпријатие е нов модел на бизнис со социјална цел кој сеуште не е (доволно) третиран  во македонската економија, но се практикува низ целиот свет. Веројатно, познато ви звучи Џејми Оливер и неговото социјално прептријатие „Тhe Fifteen“. Токму овој гастрономски гуру и неговиот ресторан каде се обучени и со огромна мотивација работата млади кои преку ова вработување добиваат шанса да градат подобра иднина, беше инспирација за проектот.

***
Имаме и еден наш а светски гуру кој поради оправдани причини не можеме да го откриеме, но вие слободно претпоставете за кого се работи, и ако имате можност некако и некогаш да ни помогнете-сторете го тоа.
***

Социјалното претриемништво се дефинира и како континуирано спроведување на eкономски активности под одредени услови на работење и вработување на воглавно марганализирани групи. Примарна цел на социјалното претприемништво е зајакнувањето на социјалната кохезија и солидарноста како и зајакнувањето на капацитетот за иновации во различни економски сектори и општествено корисни подрачја. Целда е да се генерира општествена вредност при што заедницата ќе има корист од претприемачките активности.

Средното угостителско училиште „Лазар Танев“ има една постоечка успешна приказна за  социјално претприемачки актиновости. Кетеринг услугите кои ги изработуваат учениците се пример на постоечки социјален бизнис. Многу правни субјекти и приватни лица одамна ги користат нивните услуги и се уверени во професионалноста на нивните кетеринг услуги и вкусната храна која ја изработуваат учениците. Засебно од тоа овој проект цели кон:

  • Зголемување на испораката на услугите на училитето преку имплементација на нови технологии и ефективна маркетиншка кампања преку директно вклучување на младите на локално ниво.
  • Воспоставување на долгорочни општествени партнерства помеѓу училиштето, граѓанскиот сектор и приватниот сектор во обезбедувањето на социјално-претприемнички активности и вработување на учениците од стручното училиште.
  • Подигнување на јавната свест и ниво на информираност за социјално претприемништво и за можностите за општествени промени преку вклучување на младите.