СЛАТКО КУЛИНАРСКО УЖИВАЊЕ ВО РЕСТОРАН „FOUR“

Дел од тимот на Кулинари, шеф Антонио Ѓорѓиевск и Ирина Јаневска, на 1 април уживаа во големиот број на десерти кои ги подготвија мајсторите од ресторанот заедно со гостите од странство мастер шефовите Франциско Ариола и Сокол Пренга.

17797481_10155228540226531_329000201_o 17793370_10155228540401531_2077220256_n

Домашните и гостите шефови заедно подготвија разни деликатеси меѓу кои лимон тарт, бисквита со цитрон и какао, различни врсти на мали чоколади, торта со јаболко, тирамису, панакота со шумски овошја и крцкави тестенини, луто чоколадо со 80% какао и крем од ѓумбир и портокал и многу други вкусови сервирани на уникатен начин нетипични за македонската кујна и приготвени по најсовремени кулинарски техники. Пред голем број на новинари, пријатели на ресторанот и експерти од оваа област ресторанот Фор ги престави своите деликатеси кои ги спремаат заедно со тимот, меѓу кои имаше слатки кои за прв пат во Македонија можеше да се пробаат.

2

Тимот на кулинари имаше чест да се запознае со „виновниците“ за ова слатко уживање: шеф Франциско Ариола и шеф Сокол Пренга.

Шеф Франциско Ариола е 30 годишен шпанец кој живее и работи во Тирана, Албанија. По професија е адвокат, но како шеф се има докажано во своето вистинско светло. На крајот на 2012 година ја напушта Шпанија, а својата среќа во кариерата и љубовта ја наоѓа во Албанија, каде што ја запознава својата сопруга и учествува во шоуто Master Chef Albania. Франциско во моментов има свој шпански ресторан во Тирана.

1

Сокол Пренга e 43 годишен мастер шеф од Албанија, кој e сопственик на еден од најпознатите ресторани за слатки во Тирана – Delikatese, ресторан и кетеринг.Своето искуство го има стекнато работејќи во различни ресторани во Албанија, Грција и Холандија. Во 2017 година започнува соработка со интернационални компании, за консултации и тренинг на ресторани и хотели со држави како Колумбија, Куба, Чиле, Мексико и други.

Задачата на гостите кои ги дегустираа десертите беше да ги оценат слатките работи според своето лично мислење, со цел најпопуларните слатки да станат дел од менито во ресторанот „FOUR“.

17778954_10155228540026531_438106266_o    17690949_10155228539926531_1071453254_n

Личен фаворит на Ирина беше панакотата со интересна декорација од слатки оризови нудли, додека Антонио, веројатно поради својата професионална деформација, не можеше да се одлучи за омилен избор.

Се надеваме дека овие слатки што поскоро ќе влезат во менито, затоа следете ги објавите на ресторанот на социјалните мрежи FB Park Hotel и Instagram Park Hotel.