Седум начини како да го контролирате вашето искушение за слатки јадења

Без разлика дали копнеете по леб, тестенини или пак по чоколадо и колачиња, ова се седум лесни начини како да ја преземете контролата врз вашата навика за благо – и секако контролата врз вашето здравје

 

Ако мислите дека вашата навика е надвор од контрола, направете еден чекор назад, анализирајте како се чувствувате и обидете се да дознаате од каде поттекнува вашиот копнеж за благо.

Еден начин за правилна проценка на вашата дневна доза на шеќер е користењето на дневник за исхрана, како што е пресметувачот на калории кој го пресметува вкупниот износ на шеќер внесен во вашиот организам. Откако сте го направиле тоа, секојдневниот нутриционист за здрава исхрана Кели Мекдоналд, предлага неколку лесни приспособувања кои ќе ви помогнат да го задржите под контрола вашето секојднневно внесување на шеќер и да ја преживеете “шеќерната сезона“ која започнува со ноќта на вештерките и продолжува се до крајот на годината:

  • Психоанализирајте ги вашите навики во исхраната
    Запрашајте се себеси зошто посегнувате по јагленохидрати и газирани сокови. Дали навистина ја сакате самата храна, или тоа е само емотивна реакција предизвикана од стрес или навика? Внесувањето на јаглехидрати и шеќер предизвикува ослободување на добро чувство, мозочна хемикалија серотонин, која може да ве натера да мислите дека сакате благо кога всушност тоа што навистина го посакувате е смиреноста и среќното чуство кое благото го предизвикува.
  • Префрлете се на житарни зрна
    Во споредба со белиот леб и оризот, јаглехидратите во житарните зрна како киноа, кафеавиот ориз и овесот се преполни со растителни влакна, кои го спречуваат порастот на шеќерот во крвта и ја намалуваат желбата за благо. Јадењето на житарки е поврзано со помал ризик кон дијабетот и одржливото губење на тежината.
  • Јадете поздрава блага храна
    Кога сте во криза за благо, обидете се да одберете поздрава опција, како на пример свежо овошје или јогурт. Иако истите содржат природен шеќер, тие имаат здрави хранливи состојки како антиоксиданси, витамини, протеини и растителни влакна.
  • Не држете благо дома
    Празниците се примамлив начин за да ја наполните куќата со благо и бонбони. Избегнете го ова искушение и наместо благо и бонбони купете за децата други подароци како училиштен прибор, мали играчки или ореви.
  • Планирајте ги вашите оброци
    Како што почнува сезоната на новогодишни одмори потешко е да се избегне искушението за благо. Планирајте ги вашите оброци така што нема да бидете со празен стомак кога ќе поминете покрај благото донесено на работа од колегите. Или пак ако готвите за забавата на пријателите, подгответе свежа овошна салата наместо чоколаден колач. Постои шанса дека и пријателите ќе ви бидат благодарни за тоа.
  • Бидете искрени кон себе
    Единствениот начин на кој навистина ќе ја спречите зависноста од благото е да бидете постојано искрени со себе. Корисете дневник за исхрана за да внимавате на внесувањето на шеќер преку денот. Ако јадете повеќе благо од вообичаеното или се наоѓате себеси како постојано се борите со вашето искушение за благо, тогаш јадете повеќе свежи производи и житарки.
  • Ограничете ја количината на благото
    Теителбаум вели дека да се јаде благо секоја вечер е во ред, клучот е во ограничувањето на количината. Вашиот вкус за благо се заситува по само неколку залчиња, па затоа е најдобро да се јаде само една добра лажица од вашиот омилен сладолед со кога ќе се задоволите и остатокот да го вратите назад во замрзнувач.