Состојки.
500 гр. урда
200 гр. сирење (дробено)
5 варени јајца (рендани)
2 супени лажици буковец (малку лут)
2-3 лути пиперчиња „феферони“ (ситно сечкани)
3-4 чешниња лук (толчен)
125 гр. кравјо масло или маргарин (стопен)
200 гр. кисело млеко
150 гр. ореви (толчени)

Салата од урда со буковец

Урдата се става во длабок сад, па во неа се додаваат сирењето, ренданите варени јајца, буковецот, сечканите феферони, толчениот лук, толчените ореви и стопениот маргарин. Сè убаво се меша со миксер или со дрвена лажица. Откако смесата ќе стане хомогена, се додава киселото млеко и повторно убаво се промешува.

Вака направената салата се остава во ладилник да отстои неколку часа пред служењето. Пред самото служење салатата се вади од ладилникот, со лажица за сладолед се вадат неколку топки и се ставаат на чинија. Се украсува по желба.

Се служи како салата, како предјадење или како прилог. Оваа салата е особено вкусна поради нејзиниот пикантен, лут вкус.