Состојки.
1 кг зелени или црвени пиперки
1 главичка лук
1 китка магдонос
1 филџан масло за јадење
1 филџан винска киселина
сол по вкус

Салата од печени пиперки

Пиперките убаво се мијат и се бришат. Потоа малку се засекуваат со нож и се печат на плотната од шпоретот (не се препорачува печење во рерна). Испечените пиперки се ставаат во покриен сад за да се здушат и да се оладат. На тој начин пиперките полесно се лупат, без притоа да им се отстранат дршките. Во каленица (земјен или дрвен сад) се толчи лукот со солта и се додаваат винската киселина и претходно зовриеното масло за јадење. Пиперките се редат во длабок сад и се прелеваат со претходно подготвената смеса. На крај се посипуваат со ситно исечканиот магдонос и пред да се служат, се ставаат во ладилник за да се оладат.