Состојки.
20 листа блитва
2 супени лажици брашно
2 дл млеко
1 супена лажица путер (или 2-3 лажици масло за јадење)
1 чешне лук (ситно сечкано)
сол по вкус
1 л вода

Салата од блитва

Во длабок сад се става 1 л вода и малку сол, да зоврие. Листовите од блитвата се чистат од тврдите дршки, се мијат и се пуштаат во водата што врие. По 5 минути се вадат со лажица-решетка и се ставаат во цедалка да се исцедат. Исцедени, се сечкаат на многу ситно.

Во тавче на оган се става путерот да се стопи и да зоврие. Во него се додава брашното и се промешува, па се остава да се испржи и да ја промени бојата во златножолта. Потоа се додава лукот и се налева млекото, со постојано мешање. Температурата на оганот се намалува. Кога млекото ќе се згусти, се додава блитвата и уште кратко време се продолжува со мешање, сè додека не се добие смеса како пире.

Со супена лажица од салатата се вадат парчиња во облик на големи кнедли и се редат во круг во чинијата за сервирање. Се остава убаво да се излади.

Се служи како предјадење и како гарнир за печено месо.