Состојки.
1 кг брашнo
1 коцка свеж квасец
5 дл млеко
1 кафено лажиче сол
2 кафени лажички шеќер
2,5 дл масло за јадење
2 јајца
малку сусам
125 г кравјо масло (маргарин)
500 г спанаќ
150 г урда

Полжавиња

Приготвување на филот:

Спанаќот се мие, се сечка и малку се посолува. Се стиска со рака за да омекне и да се исцеди водата од него. Потоа во него се додаваат белките од јајцата и урдата и сè убаво се измешува.

Приготвување на тестото:

 Квасецот се раствора во 2,5 дл млако млеко заедно со солта и шеќерот и се остава да стаса. Стасаниот квасец се става во брашното, се додава маслото за јадење и остатокот од млекото и се замесува средно меко тесто. Тестото се меси сè додека не престане да се лепи на рака. Потоа се дели на 4 дела и од секој дел се расукува кора со дебелина од половина сантиметар. Врз кората се нанесува филот, се витка во ролат, при што се внимава краевите да бидат подвиткани навнатре. Ролатот се сече на парчиња со дебелина од 2 сантиметри, кои легнати се редат во намастен плех. Парчињата се премачкуваат со двете останати изматени жолчки и на секое се става по една мала коцкичка кравјо масло (маргарин) и се посолуваат со малку сусам.

Вака се оставаат малку да нараснат, а потоа се печат во загреана рерна на температура од 250º С, 10-тина минути.