Состојки.
2,5 дл сок од црвени домати
500 г бело брашно
1,25 дл масло за јадење
1 пакетче прашок за печиво
За филот:
4 јајца
150 г сирење

Погача со сок од домати

Во подлабок сад се ставаат сокот од домати, брашното, прашокот за печиво и маслото и се замесува убаво за да се добие хомогено меко тесто. Откако убаво ќе се измеси, тестото се става во ненамастена тепсија бр. 26 и се развлекува со рака (како кора за пица), а потоа се става во загреана рерна на 200°С, 5-10 минути да се запече малку. Се вади од рерна и над тестото се нанесува филот од изматени јајца и рендано сирење.
Се враќа назад во рерната да се допече уште 5-10 минути. Вака печено, се сече на парчиња и се служи и топло и ладно по желба.