Состојки.
за тесто: 800гр брашно, 1 лажица сол, 40гр квасец, 350 мл млеко, 3 јајца, 50мл млеко (за квасецот) За фил: 1,5кг рендани јаболка, 200гр шеќер, 150мл масло, 1 кесиче цимет, 2 кесички ванила

Плетенки со јаболко

Рецепт на: Даниела Лазаревска

Подготовка:

Најпрво се меси тестото. Сите состојки се замесуват за да се добие средно меко тесто. Се остава да стаса. Потоа од тестото се прават мали топчиња. Секое топче се расукува во кружна кора и се сече на четири дела. Секоја четвртина се сече странично на лентички, а во средината се става филот. Лентичките се плетат.

За филот, потребно е да се измешаат сите состојки. Потоа сето се пржи за да добие густина.

Плетенките од јаболко се печат на 250 степени додека не добијат златна боја. За декорација може да употребите шеќер во прав.

daniela2

* Овој рецепт е избран како најдобар од страна на менаџментот на Хотел Мериот, како дел од предизвикот на шефот на кујна Питер Татар. Повеќе за тоа може да прочитате тука.