Состојки.
• кори за штрудла (потребно околу 10 кори) • путер (замо за да се намасти тавата) Фил од јаболка • 1кг јаболка • 2дл шеќер • 100гр сечкани ореви • Цимет (по избор) Крема • 400гр павлака • 3 јајца • 2дл масло за јадење • 2дл шеќер • 1 прашок за пециво Прелив • 2дл вода • 2дл шеќер

Пита од јаболка

Рецепт на: Кире Петрушевски

Прв чекор

За подготовка на филот од јаболка, потребно е да ги излупите и изрендате. Печете ги неколку минути во рерна заедно со шеќерот, оревите и циметот (по желба). Оставете ги да се оладат.

Втор чекор

Изматете ги јајцата заедно со павлаката, маслото, шеќерот и прашокот за пециво. Мешајте додека не добиете хомогена смеса.

Трет чекор

Намастете ја тавата (25 x 40 cm)  со путер и ставете две кори на дното. Додајте неколку лажици од филот од јаболка како и од кремот. Повторете ја оваа постапка со додавање на само една кора. На крај истористете две кори.

Пред да се пече, исечете ја питата на парчиња.

Четврт чекор

Печете во загреана рерна на 180 степени околу 45 минути додека не добие златна боја.

Петти чекор

Во меѓувреме, во зовриената вода додадете го шеќерот и оставете да се излади. Кога ќе биде готова, нанесете го преливот одозгора.

Декорирајте со чоколаден прелив.
Bon appétit!

kire

* Овој рецепт е избран како втор најдобар од страна на менаџментот на Хотел Мериот, како дел од предизвикот на шефот на кујна Питер Татар. Повеќе за тоа може да прочитате тука.