Состојки.
150 грама Бисквити
4 Ванила пудинг/а
150 грама Кокосово брашно
1000 милилитри Млеко
150 грама Ореви
250 грама Путер
125 грама Шеќер во прав

Песок торта

Мле­ко­то се ва­ри со пу­дин­зи­те на ти­вок оган. Ко­га ќе се до­бие гу­ста сме­са, се тр­га од оган и се остава добро да се олади. Откако ќе се олади убаво се додава путерот. Се меша сето тоа убаво.

Откако ќе го направите сето ова поделете ја смесата на три еднакви дела. Во пр­ви­от дел се до­да­ва­ат ме­ле­ни­те бис­кви­ти, во вто­ри­от дел се до­да­ва ко­ко­сот, а во тре­ти­от дел се до­да­ва­ат ме­ле­ни­те оре­ви. Во пла­сти­чен сад, кој е об­ви­ткан со фо­ли­ја, пр­во се ста­ва де­лот со бис­кви­ти, по­тоа де­лот со ко­ко­сот и на крај де­лот со оре­ви.

По жел­ба мо­же да се фи­лу­ва со шлаг.  Тре­ба да отстои во фри­жи­дер три ча­са, пред да се слу­жи.