coolinari 2.0

Coolinari 2.0 е своевидно продолжение на проектот „Младинска професионална кујна: нови технологии за социјален бизнис“ дизајнирано да рефлектира највисоки социјално-претприемнички вредности.
Во рамки на оваа иницијатива (прва од овој вид во Македонија-колку што сме ние запознаени) предвидено е АРНО како носител и имплементатор на идејата*, во соработка со СУГС „Лазар Танев“ да организира часови за готвење со најдобрите готвачи од Македонија, часови (курсеви) кои ќе бидат понудени на пазарот по пазарни цени.

COOLINARI 2.0 се спроведува со паричната награда од Social Impact Award 2015, благодарение на препознаениот потенцијал и оригинален концепт за кој АРНО ја доби втората награда од жирито.

SIA logo

Часовите за готвење ќе бидат дизјанирани согласно претприемачки стандарди и ќе имаат за цел да генерираат профит преку овој иновативен концепт. Остварената добивка понатаму се ре-инвестира во мисијата на проектот-надградување на знаењата и вештините на учениците готвачи од училиштето (обуки за нивно користење на модерни технологи за себе-промоција, пишување CV, обуки за мотивација и сл).

Проектот е пример на успешно партнерство и е платформа во која сите вклучени страни имаат бенефит: училиштето добива промоција и го подобрува својот углед, учениците добиваат вештини од првокласни готвачи, но и обуки за подобрување на знаења и користење на модерни технологии, рестораните и готвачите добиваат бесплатна промоција и реклама, компаниите кои ќе донираат намирници за часовите за готвење добиваат реклама и референца за својата општествена одговорност итн.