coolinari.mk

Coolinari.mk e онлјан дестинација преку која секој може да се запознае со младите кулинари-ученици од средното училиште „Лазар Танев“ , нивните вештини и рецептите кои тие ги промовираат. На coolinari.mk  можете да најдете млади кулинари, да ги погледнете нивните вештини и искуства и да ги ангажирате за ваши професионални потреби. Целта на оваа платформа е да се промовираат учениците од стручното училиште со цел нивно успешно лансирање на пазарот на труд и полесно преминување на младите од Македонија од училиште кон работен ангажман.

Тука ќе ја најдете и мобилната апликација РЕЦЕПТКО, која истот така можете да ја симнете бесплатно и од Google Play РЕЦЕПТКО е продукт на проектот кој беше изработен со помош на учениците и нивните рецепти. РЕЦЕПТКО е  мобилна апликација која нуди можност за искусни и неискусни домаќин(к)и да изберат рецепт и да се инспирираат што вкусно да подготват во своите кујни. Секако, тука се и интересните мисли и мудрости за храна кои младите кулинари сметаат дека се кул за споделување.

coolinari.mk и РЕЦЕПТКО се продукти на проектот “Младинска професионална кујна: Нови технологии за социјален бизнис” финансиран од УНДП* во 2013/2014 година. Во рамки на истиот проект изработена се и веб страницата mojketering.mk и мобилната апликација MojKetering преку кои можете да нарачате кетеринг подготвен од учениците од училиштето.  

*Проекто беше поддржан преку програмата на UNDP за поддршка на социјално претприемништво кај младите „Младите како чинители во развојот на заедницата“. Проектот го реализираше АРНО во партнерство со ЗГ „Младите можат“ и соработка со: СУГС „Лазар Танев’, Општина Центар, Компанија Поповски и Битсиа 

Обуки

Во рамките на проектот 20 ученици (насока готвачи) од СУГС „Лазар Танев“ преку серија на обуки се стекнаа со вештини  кои ќе им помогнат за побрза и подобра транзиција на пазарот на труд.

Иако за нивните професии постои голема побарувачка на пазарот на труд, сепак постои ниска свесност помеѓу нив самите за можностите кои оваа професија може да ги понуди. Во таа насока, учениците помина низ серија на 4 интензивни тренинг специјално дизајнирани за нивните потреби:

  • Лидерство, мотивација и тимски вештини
  • Интерперсонални вештини и професионална кореспонденција
  • Англиски за специфична употреба
  • Менаџирање на веб и социјални платформи 2.0