Состојки.
бајат леб исечен на парчиња
4 јајца
1 филџан за кафе - млеко
сол по вкус
масло за јадење

Момички

Прво лебот се сече на парчиња. Јајцата се матат во длабока чинија, се додава млекото и сол по вкус. Во тава за пржење се става масло, колку да го покрие дното, и се става на оган за добро да се загрее. Секое парче леб се потопува во матените јајца од двете стани и веднаш се положува на врело масло да се испржи убаво од двете страни. Се пржaт додека не добијат златна боја. Постапката се повторува со сите парчиња леб додека има од смесата со јајца.
Овие „момички“ треба брзо да се приготвуваат, за да не изгорат при пржењето и да не ја променат бојата. Се служат најчесто со сирење (а може и со мед, по желба).