Младите готвачи „гладни“ за советите од познатиот Марк Де Јонг

На барање на учениците готвачи, и на наше задоволство, Марк Де Јонг се согласи да дојде на мотивациската средба на 04.12.2016.

Тој беше дел и од Часовите за готвење кои се одржаа во мај 2016. Тој сподели дека му преставува огромно задоволство да го сподели своето долгогодишно искуство во кујната и да пренесе неколку рецепти од неговиот крај. Тој го поддржува проектот Кулинари 2.0 кој директно им помага на младите готвачи, го промовира училиштето и гастрономијата.

„Средбата денес беше многу продуктивна бидејќи сум сигурен дека учениците слушнаа и запаметија интересни работи. Убаво е кога имаме некој кој ќе ни даде насоки и совети кои ќе ни помогнат за развој во професијата. Јас сум секогаш достапен за нив и нивните прашања, тие го имаат мојот мобилен телефон и мејл адреса каде може да ме контактираат“-изјави готвачот Марк.

DSCN5540  DSCN5537

 

***

Проектот Coolinari 2.0 е проект на Здружението за социјални иновации „АРНО“ со цел промовирање на социјалното претприемништво и истакнување на важноста на стручното образование и обука за намалување на невработеноста кај младите во Македонија. Во рамките на проектот беа организирани „Часови за готвење“ со професионални готвачи, во мај 2016. Часовите за готвење беа посетени од страна на клиенти кои купија ваучери за да научат како се готват различни јадења од врвни готвачи. Добивката од Часовите за готвење се реинвестира учениците-готвачи преку обуки, мотивациски средби со врвни готвачи и др.

За повеќе новости и информации следете нè на FB ARNOFB Coolinari.