ПОЗНАТИОТ КОНСТАНТИН КАТАФАЈ И 13 ИДНИ ГОТВАЧИ ЗБОРУВАА ЗА ЖИВОТОТ

Недела (06.11) беше одлична можност за 13 ученици од средното угостителско училиште „Лазар Танев“да се сретнат лично со мастер шеф Константин Катафај, да ги слушнат неговите вистински животни искуства и да научат нови работи од него.

Во канцеларијата на „АРНО“,  Стефан Димковски, Бобан Стамболиски, Даниела Лазаревска, Николина Милеска, Панче Корчовски, Кире Петрушевски, Имер Бодја, Семир Вејселовски, Петар Симонов, Бојан Цветковски, Симона Илковска, Емилија Симеска, Анита Кметовиќ, бележеа и внимателно ги слушаа искрените приказни за тоа како од скромен ученик-готвач, Константин станал мастер шеф. Тие зборуваа за клучни елементи во животот, како да се биде добар човек и добар готвач.


 

G0832988

“Љубовта е клучот за сè. Најважно е да се сака. Тоа е единствен начин на кој може да се љуби готвењето, да се подготви добар оброк и да се шири позитивна енергија меѓу соработниците и вашите гости во ресторанот. “- изјави Константин Катафај.


 

Интересно беше да се слушне дека 25 години напорна работа, следење на она што го сакал и она што е правилно, го направиле Константин Катафај мастер шеф. Иако имал тешко детство, тој никогаш не се откажал од учење и постојано пробувал нови работи во животот. Секој пат кога ќе заработел пари, тој трошел дел од нив за образование. Тој научил како да се подготват врвни рецепти, а во догледно време тој го создал и Здружението на мастер шеф во Србија. Денес, мастер шеф Константин Катафај е шеф на кујна во хотелот Парк Резиденс Скопје.

“Сакав да дојдам и да го запознам мастер шефот, како и да научам нешто повеќе. Фактот дека тој бил упорен и и работел напорно во животот, ме натера да мислам дека тоа е единствениот начин да се постигнат своите цели. “- сподели Бобан Стамболиски, ученик-готвач.

Во текот на разговорот, учениците најмногу се интересираа за тоа како тој ги надминал предизвиците во неговиот живот, кое е неговото работно искуство во Русија и Тајланд со оглед на тоа дека не го зборувал јазикот итн. Сите ученици се согласија да ја завршат својата “домашна работа” доделена од страна на мајстор шефот: да се направат три добри дела, се подготват три оброци и да се објават на Instagram со #coolinarimk, по што ќе се сретнат повторно.

“Ние сме многу благодарни на мастер шеф Константин што ја препозна важноста да разговара со учениците, како и потребата да ги поттикне да се бидат најдобра верзија од себе. Ова е прва од мотивационите сесии за идните готвачи, каде освен што тие ќе се инспирираат, овие средби им нудат можност да се сретнат со професионалци во оваа област. “- нагласи Мила Јовановска, асистент на проектот.

Проектот Coolinari 2.0 е проект на Здружението за социјални иновации „АРНО“ со цел промовирање на социјалното претприемништво и истакнување на важноста на стручното образование и обука за намалување на невработеноста кај младите во Македонија. Во рамките на проектот беа организирани „Часови за готвење“ со професионални готвачи, во мај 2016. Часовите за готвење беа посетени од страна на клиенти кои купија ваучери за да научат како се готват различни јадења од врвни готвачи. Добивката од Часовите за готвење се реинвестира учениците-готвачи преку обуки, мотивациски средби со врвни готвачи и др.

За повеќе новости и информации следете нè на FB ARNO, FB Coolinari.

DSCN5350