Состојки.
1 кг црвени зрели домати
500 г печени зелени пиперки
3 главички кромид (може и една врзалка млад кромид)
1 китка магдонос
1 дл масло за јадење
сол по вкус

Македонска салата

Ситно се сечкаат доматите и печените излупени пиперки. Во нив се додаваат ситно сечканиот кромид, магдонос, масло и сол по вкус. Сето тоа се става во длабок сад, добро се промешува и се служи веднаш.