Состојки.
1 кг брашно
5 дл вода
1 коцка свеж квасец (може и сув)
1 супена лажица шеќер
2 кафени лажички сол
250 г бело сирење
2 супени лажици буковец
2 супени лажици масло за јадење

Леб со буковец

Квасецот со 1 кафена лажичка шеќер се става во помал сад со малку вода да стаса и да се надигне.
Во длабок сад за месење се ставаат брашното, солта, 3 дл млака вода, се додава стасаниот квасец, па со рака се замесува средно меко тесто. Убаво се измесува сè додека тестото не престане да лепи на рацете. Вака измесеното тесто се остава 45 минути да стои покриено со платнена крпа, за да стаса и двојно да го зголеми својот волумен. Може да се стави и во млака рерна, претходно загреана на 50ºС. Ставањето во рерна ќе го забрза процесот на стасување. Стасаното тесто се размесува и се дели на два дела. Од секој дел се расукува кора со големина на тавче бр. 30.
Првата кора се става во подмачкано тавче (со масло за јадење). На кората се става претходно подготвениот фил.
Врз првата кора се става втората кора, која, исто така, претходно се сука со иста големина.
Вака подготвено, тестото се остава 15-тина минути да стаса и повторно малку да го зголеми својот волумен.
Се пече 30-тина минути во загреана рерна на температура од 250ºС. Кога ќе фати кора, температурата на рерната се намалува на 180ºС и се продолжува со печење. Лебот е печен кога ќе се прободе со нож, а ножот ќе се извади сув и на него нема да има траги од живо тесто. Се вади од рерна и се покрива со влажна памучна салфета, па се остава да отстои 15-тина минути.
Лебот со буковец е многу вкусен специјалитет и е прилог со секое македонско традиционално јадење.