Часови за готвење

Постер1

Во текот на месец мај ќе се одржат 6 (шест) часови за готвење со професионални готвачи. Одлучете се за час, купете си ваучер за себе или за пријател и научете да готвите вистински специјалитети!

  •  Азиска кујна со Филип Поповски #ГотвимесоФичо
    Pad Thai  и пржена банана.
    Датум: 12.05.2016 (1200 ден) Купете ваучер овде
  • Италијанска кујна со Ацо Божиновски, ресторан „Ла Тераца“
    Таљатели со зеленчук  и шеф салата со дресинг
    Датум: 17.05.2016 (1200 ден) Купете ваучер овде
  •  Француска кујна со Марк Де Јонг
    Телешко месо во сос од буковка и Салата од рукола и пилешки гради
    Датум:18.05.2016 (1200 ден)Купете ваучер овде
  • Македонска модерна кујна со Никола Мишковски, ресторан „Камник“
    Турли тава, Таратор и Супа од зеленчук.
    Датум: 23.05.2016 (2000 ден)Купете ваучер овде 
  • Домашна кујна со Лимонка Арминовска, СУГС „Лазар Танев“
    Похувани јуфки во бешамел сос и Овошна баклава
    Датум: 26.05.2016 (1200 ден) Купете ваучер овде
  • Британска кујна со Маре Јаневска, Британска амбасада
    Пролетна салата, Англиски погачици, Шкотски стек и Чоколадна торта со Гинис
    Датум: 31.05.2016 (1200 ден) Купете ваучер овде

ЗА ПРОЕКТОТ:
Во рамки на проектот Кулинари 2.0, добитник за наградата Social Impact Award, здружението за социјални иновации „АРНО“ организира часови за готвење. Оваа иницијатива е прва од овој вид во Македонија и има за цел да го подобри имиџот на кулинарството и гастрономијата, како и да ги мотивира учениците-готвачи повеќе да ја засакат својата професија. Собраните средства ќе се реинвестираат во учениците од СУГС „Лазар Танев“ преку посебна програма за нивна полесна транзиција на пазарот на труд.

ЗА „АРНО“:
Асоцијација за развој на нови опции- „АРНО“ е здружение за социјални иновации основано во македонскиот граѓански пејсаж со посебна мисија за развој и имплементација на социјални иновациии и промоција на нови опции и современ технолошки пристап за промена на општеството. Во моментов функционираме како хибридна организација (граѓанска организација со економски активности).