„Кулинарски афтерворк“ со шеф Антонио Ѓорѓиевски

Минатата недела на 03.11.2017  (петок) во средното угостителско училиште СУГС „ Лазар Танев “ се одржа настанот „Кулинарски афтерворк“ , како резултат на наградата која што ја доби нашиот шеф Антонио  Ѓорѓиевски за младинско учество преку УСАИД во рамки на проектот за граѓанско учество. Дел од наградата шеф Антонио ја искористи да одржи работилница за средношколците – готвачи заедно со професионалниот шеф Маре Јаневска, каде што им прикажуваа на младите готвачи нови техники за готвење. После обуката која што им ја оддржа шеф Маре Јаневска следуваше подготовка на храната која што подоцна ја дегустираа гостите кои го посетија овој настан. Вкусните залачиња кои ни ги подготвија учениците заедно со шеф Маре и шеф Антонио беа одличен доказ дека готвењето со љубов и со одличен ментор може да вродат во создавање на прекрасни млади готвачи.

Покрај ова работилница Антонио дел од наградата ќе ја искористи за посетување на курс по англиски јазик како и за купување на професионална опрема.

Со оваа несебична поддршка Антонио покажа дека верува во младите готвачи, и дека доколку се работи со љубов и посветеност ништо не е невозможно.