Кулинари во посета на првиот фестивал за улична храна “Thessaloniki Street Food Festival”  

Доколку се прашувавте каде бевме изминатиот период- не грижете се, сити сме и мотивирани уште повеќе да продолжиме каде што застанавме. Минатиот месец тимот на кулинари ја имаше честа да ужива во вкусовите на храната подготвена за време на првиот Thessaloniki Street Food Festival кој се одржа во CITY HALL, Солун (Грција) од 29-30 април.

Овој настан се одбележа со огромно присуство на љубителите на храна како од земјата организатор на настанот така и од земјите од регионот. Тимот на кулинари отиде со мисија, освен пробувањето на вкусни залчиња, да погледне како изгледаат во живо Камиончињата за храна (Food Trucks). Токму преку камионче за храна, кулинари цели кон промовирање на социјално претприемништво и стручно образовние.

За време на овој фестивал на улична храна нашиот тим уживаше во вкусовите на мексиканската, италијанската кујна. Не изостануваа и вкусовите на здравата храна, како што се цедените сокови и салати од разноврсни егзотични овошја и зеленчуци. Не можеме, а да не ги спомнеме и вкусовите на разни видови на слатки, како и уличните музичари кои имаа за цел да ја надополнат и збогатат атмосферата и амбиентот на Street Food Festival. Среќни и задоволни ,со полни стомаци, си заминавме со надеж за скоро организирање на настан од ваков вид и кај нас и со идеја повеќе за нашиот сеуште замислуван сон во облик на камионче за храна.