Кулинарите на социјалните медиуми

Дојде ред кулинарите да научат  нешто повеќе за социјалните медиуми и како тие може да послужат за нивна промоција. Во опуштена атмосфера, во канцеларијата на АРНО, на 27.11.2016, младите ученици учеа за блогови, Фејсбук, Инстаграм и Твитер. Сите отворија профили на овие социјални платформи и почнаа да споделуваат информации од кулинарството, да следат познати готвачи итн.


DSCN5487 DSCN5482

Предавач на овој настан беше Јован Димитров, основач на Блокираме.мк и организатор на Твитер Награди во Македонија. На негова покана, кулинарите имаа можност да ги презентираат нивните вештини и да се запознаат одблиску со влијателните твитерџии на Твитер наградите кои се одржаа на 10.12.2016. Повеќе за тој настан може да прочитате тука.

DSCN5498

***

Проектот Coolinari 2.0 е проект на Здружението за социјални иновации „АРНО“ со цел промовирање на социјалното претприемништво и истакнување на важноста на стручното образование и обука за намалување на невработеноста кај младите во Македонија. Во рамките на проектот беа организирани „Часови за готвење“ со професионални готвачи, во мај 2016. Часовите за готвење беа посетени од страна на клиенти кои купија ваучери за да научат како се готват различни јадења од врвни готвачи. Добивката од Часовите за готвење се реинвестира учениците-готвачи преку обуки, мотивациски средби со врвни готвачи и др.

За повеќе новости и информации следете нè на FB ARNOFB Coolinari.